Пире со домашен полнет колбас
Состојки
- 6 компири
- 150 гр млеко
- 1 -2 лаж. мешан зачин
- 1 јајце
- 1 лажица свинска маст
Подготовка
Овој пат по некоја случајност ќе ви прикажам два мои рецепти кои се споени во еден убав ручек.
Пред се ќе го прикажам мојот начин на подготовка на пирето, а потоа на колбавчињата кои премногу примамливо мирисаа..
Претходно добро измиени, ги сецкаме компирите и ги покриваме со вода. Додаваме мешан зачин, бибер и свинска маст. Оставаме да се варат се додека не почне водата да ја снемува во садот. Потоа ги пасираме во истиот сад каде се вареле. Додаваме млеко и промешуваме. Го кршиме јајцето и повторно промешуваме да се свари и уште повеќе згусне пирето.
Тоа е постапката на моето пире, а сега ќе ви го прикажам другиот рецепт кој што како прилог оди заедно со мојот денешен ручек.
На загреано масло ги пржиме колбасите и ги сервираме заедно со пирето.
Тоа е едноставниот опис, а сега одиме на подготовката на домашниот колбас.
Ги чистиме убаво тенките црева.
Ги миеме убаво и ги превртуваме од внатрешната страна. Попаруваме со жешка вода и продолжуваме со темелното миење.
Откако убаво ги исчистивме цревата, одиме со припрема на составот на колбасот. На страна во сад мешаме дел од цревата со белиот џигер на прасето, суви пиперки, праз и мешан зашин. Додаваме и бибер, па сета оваа смеса ја ставаме во машинка за мелење и ја правиме хомогена смеса.
Така подготвена смесата ја полниме во претходно исчистените цревца. Заврзуваме со конец на почетокот пред полнењето па врзуваме со конец онаму каде сакаме, тоа значи колку сме ги замислиле колбавчињата по должина.
На крајот повторно се врзуваат и се ставаат да се сушат. Во мојот случај пржени се сурови, тогаш полнети.
Искрено....вкусот не знам да ви го опишам додека не го пробате сами....
За мене е нешто највкусно....
(не ставив состојки и точна грамажа за колбасите зашто одеа како прилог. Но за љубов на вистината, не знам колку да пишам точна мерка, затоа што подготовката на овие колбаси е од прилика во споредба со тоа колку цревца испаднале чисти, па колку ќе се мелат итн....
Како и да е и ако не можете да ги приготвите сами овие колбаси како прилог, тогаш ќе си купите пресно полнети колбаси и ручекот ќе биде комплетиран.....
На здравје нека ви е