Испечати

Крем колач

Крем колач

Состојки

  • 8 јајца
  • 1 л. млеко
  • 4 кесички пудинг од ванила
  • 24 лажици шекер
  • 1 пециво
  • 6 лажици брашно
  • 2 кеси шлаг пена со вкус на павлака или слатка павлака 200 мл.

Подготовка

Што сакаат да јадат популарните личности, беше прашањето за една фолкерка, беше насловот во едно списание, па си реков да видам што сака таа да спрема и да јаде. Овој рецепт го затекнав во нејзините омилени десерти, од љубопитност тогаш го спремав и остана одомакен.

Подготовка  на пандишпанот
- 2 цели јајца и 6 жолчки се матат со 6 лажици шеќер, се додава зејтинот и брашното измешано со пецивото. Се става во тавче и се печи внимавајки да не го препечете бидејки е тенка кората.
Печено се остава да олади.

Подготовка на кремот
- Во 1 литар млеко се варат пудинзите со 12 лажици шеќер - нека олади.
- Исматете 6 белки со 6 лажици шеќер во цврст снег,  додадете ги во садот со сварениот и оладен пудинг и мешајте со миксерот да добиете хомогена смеса.

Оформување на колачот
Премачкајте ја кората со џем, мармалад или некое слатко,  врз него нанесете го добиениот крем. Врз кремот нанесете сматен шлаг или слатка павлака.

Совет
- Вака го спремам по оригинал рецептот, но трпи и големи промени во однос на оформувањето, односно многупати на печената кора ставам 1/3 од кремот врз кој наредам свежо овошје, најповеке јагоди, врз нив го ставам остатокот од кремот, а врз кремот ставам шлагот или павлаката, зависно што имам дома. Одлично оди и со банани, а не е помалку вкусен и со малини.
- овој крем фил е фактички ист кога правиме Крем пити со лиснато тесто, разликата само што се нанеусва на лиснато тесто и се поклопува исто така со лиснато тесто, се посипува со прав шеќер.. па пробајте и така..