Пржено касато
Состојки
- 500гр кекс
- 750мл млеко
- 16 лажици шеќер
- 250гр маргарин
- 6 лажици брашно
- 100гр чоколада за готвење
- 2 лажици какао
- 100гр суво грозје
Подготовка
Маргаринот се растопува на оган. Во него се става брашното и се пржи околу 5-7 минути.
Млекото се става да зоврие со шеќерот и какаото. Зовриеното млеко полека се истура во прженото брашно и се меша додека смесата се згусне и соедини.
Во топлиот фил се крши и чоколадата и убаво се меша додека се растопи.
Филот се остава да се подолади.
Во калап се става најлонска фолија и на неа се реди еден ред бисквити.
Во веќе подоладениот фил се кршат бисквитите и се додава сувото грозје и убаво се меша смесата, а потоа се истура во калапот. Се порамнува и се покрива со еден ред бисквити.
Се остава во фриз да се олади убаво, а потоа се сече на штангли.