Полнети поховани шампињони
Состојки
- 20 шампињони
- 2 круга шунка
- 2 парчиња кашкавал
- 1 лажичка павлака
- За похување
- 1 јајце
- по потреба брашно
- по потреба презла
- малку сол
Подготовка
Ние дома многу сакаме шампињони, па јас секогаш барам нов начин на припрема.
Се бираат шапмињони кои се слични по големина (по два во пар).
1. Се мијат шампињоните и им се отстрануваат рачките.
2. Рачките и шунката ситно се сецкаат, и се ставаат малку да се потпржат. Кога ќе бидат омекнати рачките, се трга од оган и се додаваат исечканиот кашкавал и павлаката. Со оваа смеса се полнат шампињоните. Ако не се многу солени шунката и кашкавалот, тогаш се посолуваат шампињоните пред полнење.
3. Полнетите шампињони по два се спојуваат со чепкалка (во сликите долу има како).
4. Вака спремени, прво се валкаат во брашно, па во изматеното и посолено јајце, и на крај во презла. Чепкалката ќе ви биде од голема помош во овој процес.
5. Се пржат во подлабоко масло, додека не поруменат од сите страни.
Бројот на шампињони зависи од вас, но битно е да бидат парен број и слична големина.
Смесата за полнење не мора да се пржи претходно, но многу е веројатно дека ќе ви остане малку, па вака е спремна за јадење. Може да се стави во сендвич или да се искористи како прилог со веќе спремените шампињони.