Видео рецепт: Палачинки од компир
За прв пат пробавме палачинки од компир на патување во Будимпешта. Беа топли и ги служеа со домашно вино – фантазија! Ова е одлична идеја за брз ручек или ужина кога ќе ви остане од пирето од претходниот ден.
Состојки
- 4 средни компири
- 1 јајце
- 60 гр. брашно
- 1 китка власец
- 2 млади кромитчиња
- 50 гр. путер
- Кисела павлака за послужување
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Средно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола и Тава за пржење.
Подготовка
Чекор 1: Варете ги нелупените компири 30-40 минути додека да омекнат во средината. Тоа можете да го проверите со остар нож. Кога го варите компирот без да го лупите тој омекнува, а не впива многу од водата.
Чекор 2: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Ситно исечкајте го власецот и младите кромитчиња – овие додатоци им даваат вкус и боја на палачинките од компир.
Чекор 3: Откако компирите ќе се сварат, извадете ги и ставете ги во ладна вода пред да ги излупите.
Чекор 4: Ги гмечиме компирите, најубаво е тоа да го направите со алатка за пире, за да не останат грутки.
Чекор 5: Сите состојки убаво измешајте ги заедно со јајцето и путерот. Доколку постите, јајцето и путерот можете да ги замените со повеќе брашно и маргарин. Направете 4 палачинки со рацете и пропржете ги во путер и масло. Вртете ги за да бидат крцкави и од двете страни.
Чекор 6: Наредете ги палачинките една врз друга и одозгора ставете кисела павлака, и власец и млади кромитчиња како гарнир.
СОВЕТ: Овие палачинки можат да се подготват со повеќе состојки и ви нудат навистина многу опции за оброк во било кој дел од денот – идеални се за појадок во комбинација со сланина, полесен ручек или како гарнир со главното јадење.