Испечати

Палачинки од компир без брашно

Палачинки од компир без брашно

Состојки

  • 3 компири
  • 2 јајца
  • 1/2 лажичка сол, бибер и друг зачин по желба
  • 2-3 лаж. масло

Подготовка

Компирот се ренда на крупната страна на рендето.
Се става во длабок сад. Во него се додаваат јајцата, солта ,биберот и по желба може и друг зачин и сето тоа се меша.
Се загрева Тавата за палачинки од Делимано, во неа се става малку масло.
Од смесата се става една третина во тавата и се пржи се додека да се добие кафеава боја, потоа се превртува и се пржи другата страна.
Од оваа смеса излегуваат 3 палачинки, кои потоа можат да е конзумираат со павлака и некоја салата по желба.