Испечати

Кромидова чорба

Кромидова чорба

Состојки

  • 4 главици кромид
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица црвена пипер
  • 1 лажица буковец
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 2-3 суви пиперки
  • малку доматен сос или пире, магдонос, ловоров лист
  • околу 1,5 литар вода

Подготовка

Оваа чорба ја вкусив кај мојата соседка и многу ми се допадна, па решив да ја споделам овде со вас. Звучи едноставно и можеби чудно, но сепак е многу вкусна.
Во тавче на масло испржете го предходно сецканиот кромид додека омекни и стани стаклест.
Додадете ги пред сам крај и ситно сецканите суви пиперки, пропржете, и на крај додадете ги двата вида на пипер.
Налејте малку вода и ставете го доматното пире, сос или ситно сецкан домат. Додека се динста на исклучена рингла зачинете и посолете.
Содржината префрлете ја во тенџере, налејте ја водата и додадете го магдоносот. Варете додека кромидот сосема не омекни (на сркање да е толку мек, што во уста ќе се топи). Пред крај, додадете 2 ловорови ливчиња и додадете го брашното разматено во малку вода. Исклучете ја ринглата и оставете да довари.
Оваа манџа секако можи да се направи и во комбинација со месо, или едноставно со водата во која се вареле коски (вака е уште повкусна).
* Се преферира да е густа во содржината на кромидот, но како и секоја чорба, количеството вода можи да варира спрема желбата за поретка или погуста во составот.