Посна торта со какао
Состојки
- 1 чаша ( 250 мл) сварено какао
- 150 гр шеќер
- 50 мл масло
- 2 лаж мед
- 220 гр брашно
- 50 гр суво гројзе
- 50 гр сецкани ореви
- малку цимет
- 5гр пециво
- за премачкување
- неколку лажици пекмез по ваш избор
- 100 гр чоколадо
Подготовка
Во сад ставаме шеќер, мед, растително масло, една чаша топло какао мешаме со лажица, а потоа измиксаме со миксер. Додадете го сувото гројзе, оревите, циметот и пециво.
Во ова смеса постепено додадете го брашното. Печете во тавче бр 24 намачкајте со масло, а потоа покријте со хартија.
Печете на 170 степени. Топлата торта премачкајте со пекмез, а кога ке подолади и со растопена чоколада.