Уштипци со ананас
Состојки
- тесто
- 2 јајца
- 300 грама брашно ( чаша од 2оо грама)
- 1 лажица зејтин за во тестото ( За пржење на уштипците количина на зејтин по потреба)
- 1 чаша млеко ( со иста чаша со која го мерите брашното)
- 850 грама ананас од конзерва
- за посипување
- 1 пакетче шеќер во прав количина по потреба за валкање на уштипците,чоколадо за готвење по вкус за декорација ( не мора )
Подготовка
Конзервата со ананасот ја отвараме и кругчињата ананас ги ставаме во цедалка да се исцеди сокот од нив.
Јајцата ги матиме со миксер неколку минути и додаваме 1 лажица зејтин. Промешуваме и го додаваме млекото. Потоа постепено го додаваме брашното и со миксерот добро го уработуваме тестото да нема грутчиња.Тестото треба да биде погусто од тесто за палачинки.
Во тава за пржење ставаме зејтин малку повеќе, односно по потреба. Кога зејтинот ќе проврие со рака земаме кругче ананас и го валаме убаво од двете страни во тестото, ставаме во тавата и ги пржиме не на многу јак оган, време колку да поруменат, свртувајки ги од двете страни. Уште додека се топли веднаш ги посипуваме или ги валкаме со шеќер во прав.
Ако сакате одозгора декорирајте ги со растопено чоколадо за готвење. Секако се вкусни и со и без чоколадо. Можете да ги послужите и топли и ладни. Верувам дека ќе ви се допадне овој мој предлог за лесен и многу вкусен десерт. Уживајте во прекрасниот вкус и арома на овие уштипци.