Видео рецепт: Рижото од тестенини со тиквички и морков (Посно)
Тестенините во вид на ориз се навистина уникатни – тие се многу потешки од другите тестенини и ја задржуваат својата форма апсорбирајќи ги водата и зачините.
Состојки
- 2 моркови
- 1 тиквичка
- 1 голем кромид
- ½ конзерва домати
- 400гр. тестенини во вид на ориз
- 2 чешниња лук
- 250мл. супа од зеленчук
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано тава за пржење, Касерола и нож Kyocera Сантоку.
Подготовка
Чекор 1: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Ги сечкаме кромидот, тиквичката, морковите и лукот со најновиот Делимано Kyocera Сантоку нож – оваа комбинација на зеленчук секогаш му дава неверојатен вкус на секој рецепт.
Чекор 2: Ставете 2 зеленчукови коцки за супа во зовриена вода.
Чекор 3: Пржете го зеленчукот 5 минути во маслиново масло со сол и бибер за да омекне и потоа додадете ги и тестенините и убаво мешајте за да впијат од вкусовите. Ги додаваме доматите од конзерва и еден дел од супата и готвиме на висока температура додека да се абсорбира целата течност. Потоа го додаваме и остатокот од супата и вариме додека тестенините не омекнат.
Чекор 4: Ова е одличен рецепт за време на постите кој се служи сам, а добивате вкусен, здрав и хранлив оброк.
СОВЕТ: Тестенините во вид на ориз можат да се користат и за подготовка на супи за додавање на дополнителен волумен, но и како замена за ориз при подготовка на рижото.