Испечати

Овошно освежување од банани и јагоди

Овошно освежување од банани и јагоди

Состојки

  • 15 свежи јагоди
  • 2 банани
  • 1,5 лажица шеќер
  • 100мл. млеко

Подготовка

Најпрвин изблендирајте ги јагодите и шеќерот со 50мл. ладно млеко.
Потоа изблендирајте ја и бананата со останатите 50мл.млеко.Блендирајте додека смесата стане пенеста.
Во чаша за коктел или обична чаша за вино исипете ја смесата од јагоди, одозгора постепено исипете ја и смесата од банана.
По желба може да си ставите издробени коцки мраз.

Ова е доза за една поголема чаша, за повеќе особи зголемете ја дозата.