Закуска со компири и шампињони
Состојки
- 400гр. варени компири
- 400гр. свежи шампињони
- 2 млади кромидчиња(само белиот дел)
- 170мл. неутрална павлака
- 40гр. путер
- 1 лажица ситно сецкан магдонос
- по потреба масло, мешан сув зачин, црн бибер
Подготовка
Сварените компири излупете ги и исечете го на мали парчиња.
Печурките исечете ги на ленти и ставете ги во тава на оган со малку масло да се пржат.
Откако ќе испари водата која ја пуштаат печурките ставете ги компирите и кромидот.
Пржете на тивок оган.
На крај додајте го магдоносот, зачинете со црн бибер, мешан сув зачин.
Додајте ја неутралната павлака и путерот и промешајте додека се растопи путерот.
Послужете како прилог на некое месо или риба.