Плетенка со виршли
Состојки
- 1 лиснато тесто ( во форма на правоаголник)
- 2 виршли
Подготовка
1. Лиснатото тесто го расукуваме, по потреба го посипуваме со брашно за да може полесно да се расука.
2. На крајот од лиснатото тесто ги ставаме виршлите.
3. Ги преклопуваме со лиснатото тесто.
4. Тестото го сечиме напречно, но не целосно. Сечиме се до местото каде што е преклопено тестото.
5. Земаме едно делче и го ставаме на десната страна( преклопеното да ви биде на средина) увртувајќи,за да парчето виршла биде поставено со напречната страна.
За полесно да го разберите рецептот погледните ги фотографиите