Испечати

Сок од лимон

Сок од лимон

Состојки

  • 1кг. лимони
  • 2кг. шеќер
  • 6 пакетчиња лимонтус
  • 4 литри вода

Подготовка

Летото е пред нас, па со што би се освежиле ако не со лимон. Рецептов е постар од мене, уште баба ми на времето го подготвуваше. Вообичаено го правам мешано, па така и сега. Додадов 1 портокал и 1 цитрон и останатото до 1кг. лимони. Како и да го подготвите е одличен.
1. Овошјето се мие, се чисти доколку има потреба и се сечка на парчиња. Потоа се меле на машина за мелење месо и се додава во подлабок сад.
2. Во садот го додавате шеќерот, лимонтусот и водата. Промешувате убаво, покривате со капак и го оставате 24 часа (за да се растопи шеќерот). Може да промешате неколку пати до наредниот ден, но не е потребно зашто и онака шеќерот ќе се растопи.
3. Наредниот ден сирупот го процедувате убаво низ газа и го собирате во шишиња.
4. Во остатокот од измеленото овошје додавате 1,5 литри вода, промешувате убаво и повторно процедувате. И добивате сокче спремно за пиење веднаш.
Од оваа доза излегуваат 5 литри сируп и 1 до 1.5 литри свеж сок.
Може да растворите и со газирана вода и да добиете домашен швепс.

Уживајте во топлите денови.