Испечати

Крем ролат

Крем ролат

Состојки

  • ТЕСТО
  • 7 јајца одкои 3 цели и 4 белки
  • 14 лажици шеќер
  • 10лажици брашно
  • 2 лажици нишесте
  • 3 лажици какао
  • 1 пакување прашак за пециво
  • 1 пакување ванилин шеќер
  • 2 лажици масло
  • 4 лажици топла вода
  • ФИЛ
  • 4 жолчки
  • 200гр путер
  • 3 пакувања пудинг од ванила
  • 500мл млеко
  • 100гр шеќер + количината за подготвување на пудингот
  • 100гр црно чоколадо
  • 100гр бело чоколадо
  • 2 пакобања ванилин шеќер

Подготовка

- 7 белки и шеќерот изматетеги во цврст снег.
- 3 жолчки и ванила шеќерот изматет ги, па додајте ги маслото и водата, лажица по лажица.
- Сувите состојки /брашното, нишестето и какаото/ измешајте ги на суво, па додајте ги изматените жолчки, а потоа снегот од белките. Убаво измешајте со шпатула или дрвена лажица да се изедначи смесата.
- Подлабокиот плех од рерната премачкајте го со масло и прекријте го со хартија за печење.
- Добиената смеса истурете ја во плехот и израмнете ја. Печете во загреана рерна на 180-200 степени околу 15-20минути.
- Печеното тесто превртете го на влажна крпа, одстранете ја хартијата и завиткајте го во ролат заедно со се крпа. Оставете го да се лади.
Додека се лади тестото подгответе го филот.
-Од млекото, шеќерот и кесичките пудинг, сварете крем како што е дадено во упатството на врекичките. Варете да се добие поголема густина.
- Во топлата крема додајте го белото чоколадо и мешајте се додека не се растопи. Топлиот крем прекријте го со проѕирна најлонска фолија и оставете го да се лади  /со фолијата се постигнува да не се фати кора на пудингот/.
- Додека се лади пудингот измиксајте го путерот со ванилиниот шеќер. Кога убаво ќе се измиксира / да се добие бела кремаста маса /, со миксирање додајте ги една по една жолчките и продолжете да матите.
- Споете ги изладената крема од пудинг и изматениот путер. Миксајте да се изедначи смесата, да се добие фина кремаста маса. Поделете го кремот во два сада-подеднакво количински. Во едниот сад додадете го стопено црното чоколадо, а другиот нека остане бел.
- Секој крем ставете го во по една најлон кесичка за во замрзнувач.

ФИЛУВАЊЕ
Одвиткајте го тестото од крпата и ставете го над најлон фолија, на краевите нека има повеќе од фолијата.
Отсечете по малку на еден од краевите на дното на кесичките со фил.
Почнете со филување на тој начин што по должината на тестото ќе истиснувате по една лента бел и една лента црн фил/ како што е покажано на фотографијата/,оставете по малку од двата фила за декорација.
Со помош на најлон фолијата завиткајте го тестото во ролат, но притоа не притискајте, бидејќи со притискањето ке се замешаат филовите и нема да се добие оној ѕвездаст изглед на филот.
Завиткајте го со фолијата и оставете го во фрижидер да се стегне филот /или оставете го во замрзнувач околу 2-3 часа/,
Најубаво е да одстои преку ноќ.
Декорирајте ја по ваша желба само по средината или ремачкајте го целиот ролат.