Испечати

Солен лиснат куглов со фил

Солен лиснат куглов со фил

Состојки

  • СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО
  • 400-500гр брашно
  • 1 коцка/ 40гр / свеж квасец
  • 1 мало лајче шеќер
  • 1 мало лајче сол
  • 100 мл масло
  • 100мл млеко
  • 100мл топла вода
  • 1 јајце
  • 3/4 од коцката (250гр) маргарин
  • ПОТРЕНБО ЗА ФИЛ / ПРВ ПРЕДЛОГ/
  • 1/2 кг спанаќ
  • 150-200гр сирење/ издробено/
  • 2-3 големи лажици кисела павлака
  • 2 јајца
  • околу 100гр маргарин за премачкување на куглоф-калапот
  • ПОТРЕБНО ЗА ФИЛ / ВТОР ПРЕДЛОГ /
  • 400гр мелено месо
  • 1 мала главица кромид
  • 200-250гр маринирани или свежи печурки
  • 150гр кашкавал
  • по потреба сол,бибер и оригано
  • 100гр маргарин за премачкување на калапот

Подготовка

- Брашното одсејте го и додајте ја солта, па ставте го во длабок сад.
- Квасецот издробете го и помешајте го со шеќерот, па прелијте го со млекото притоа додајте неколку лажици брашно и оставте го да надојде-искисне. Кога ќе искисне квасецот турете го во брашното па замесете меко тесто додавајки по малку од топлата вода. Добро измесете го, тестото го проверувам дали е добро измесено, ако со нож кога ќе го засечете, низ тестото има дупчиња-шуплини, а потоа разсучете кора и премачкајте ја со маргаринот. Преклопете ја на повеќе пати, како пакетче.
-Прво двата краеви од горе и од долу кон средината, премачкувате со маргарин, па повторете од десната и левата страна кон средината, повторно премачкувате со маргарин и ја повторувата постапката, се додека не се добие помало пакетче. Тестото ставете го во најлон кеса и оставете го во фрижидер.
- За времето додека тестото е во фрижидер подгответе го еден од дадените предлози за фил.
- Спанаќот исчистете го и добро измијте го со ладна вода. Во подлабока тава додајте 2-3 лажици масло и искинете го со рака на покрупни парчиња спанаќот. Пржете се додека не испари целата течност што ќе ја испушти. Додајте го издробеното сирење, павлаката и јајцата. Измешајте да се изедначи смесата.
- Ако се одлучите за вториот предлог.
- Кромидот исчистете го и насецкајте го на ситно. Пропржете го на малку масло, па додајте го меленото месо, додајте од зачините и пропржите, месото убаво да се испржи. Додајте ги печурките, јас користам маринирани бидејки свежите печурки се поубави, но за овој фил за ролатот пуштаат повеќе вода при пржењето па треба прво да се испржат сами, а потоа да се додадат на месото. Тргнете го од огнот и оставте го да се излади.
-Калапот за куглоф намачкајте го со маргаринот.
-Тестото извадете го од фрижидер и расучете четвртаста кора која што ќе ја премачкате со танок слој од маргарин. Врз кората додајте го филот по ваша желба, ако се одлучите за фил од мелено месо, врз филот нарендајте го кашкавалот, па свиткајте го во ролат и ставте го во калапот,  па премачкајте го со танок слој од маргарин. Оставте го да искисне околу 0,5 часа .
-Искиснатото тесто-ролат избодете го со стапче за ражнич на повеке места.
-Ставте го во рерната загреана на 150-170 степени, температура на која што печете леб и печете, кај мене отприлика околу 1 час или малку повеќе .во зависност од тоа како ви пече шпоретот. Треба да се добие убава црвенкаста коричка.
-Испечениот ролат извадете го од рерна и прекријте го во платнена крпа да одстои неколку минути/околу 10-15мин./Превртете го на чинија во која што ќе биде сервиран.
Печениот ролат не се сече додека е топол, се остава убаво да се излади, бидејќи топол ќе се згмечи и ќе испука горниот слој од кората.
Послужете го со кисело млеко или павлака, а може да биде и убав прилог за велигденската трпеза.....
На здравје.