Раванија со лесен шербет
Состојки
- пандишпан
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 12 лажици гриз
- 12 лажици брашно
- 1 лимон рендана кора
- 1 пециво
- шербет
- 1/2 кг шеќер
- 1 л вода
- 1 пакетче ванилин шеќер
- околу 1 лажица зејтин и малку брашно за подмачкување на плекчето
Подготовка
Во сад за матење ги ставаме јајцата и шеќерот. Матиме добро додека се згусти добро смесата. Го додаваме гризот и матиме уште неколку минути. Потоа го додаваме брашното и во него измешано пециво. Промешуваме сосема малку со миксерот на најмала јачина. Со шпатула добро ја промешуваме смесата за да нема грутчиња од брашното. Смесата ја истураме во плекче број 28.
Јас ја печев раванијата во плекче број 30 и затоа не е многу висока.
Рерната треба претходно да биде добро загреана на околу 180 до 200 степени. Печеме околу 30 минути.
Шербетот го вариме откако ќе проврие водата со шеќерот и ванилата околу петнаесетина минути внимавајки да не се згусти. Кога ќе истине кората со нож ја сечеме на коцки или баклавки, парчиња големина по вкус. Раванијата ја полеваме со шербетот кога пандишпанот добро ќе истине. Шербетот врел, а кората оладена.
Кога шербетот е истурен плекчето го покриваме со поголемо плекче за да се впие добро шербетот. Оваа раванија во мојот дом се прави често, омилена ни е. Не е премногу блага и токму поради тоа е многу лесна за јадење.Токму затоа и ви ја препорачувам. Ви посакувам убаво, слатко засладување.