Овошни посни колаченца
Состојки
- 200 гр бело посно чоколадо
- 125 гр маргарин
- 10 супени лажици мелени бисквити
- 30 гр сува брусница сецкана
- 30 гр суви сливи сецкани
- 30 гр суви кајсии сецкани
Подготовка
Чоколадото се топи на пареа и во него се додава маргаринот да се стопи. Се додава исечканото овошје и мелените бисквити. Смесата се полни во силиконски калапи, се лади, па колаченцата се вадат од калапите.
- Може да се стави суво овошје по желба - не мора како по мојот рецепт, може и урми, смокви, суво грозје, суви вишни ...