Ориз со стек и печурки
Состојки
- 500гр пилешки стек
- 300гр печурки маринирани
- 1 чаша ориз
- 5-6 млади кромидчиња
- 1 чаша бело вино
- 5-6 лажици брашно
- 4 листови ловор
- 1 лажица зачин
- 1 лажичка црн бибер
Подготовка
Пилешкиот стек се сече на помали парчиња и се става во подлабок сад. Во садот се додаваат 4-5 лажици брашно и убаво се меша додека брашното се залепи за парчињата стек.
Во тава со загреан зејтин се става стекот и се пропржува од двете страни па со решеткаста лажица се префрла во садот или тавата во кој ке се пече.
Во истата тава се пропржува младото кромидче исецкано на покрупни парчиња. Кон запрженото кромидче се додаваат печурките и се пржат околу 10 минути на потивко. Се додава и оризот и тој се пропржува 5 минути додека добие стаклеста боја.
Кон целата смеса се додава и една лажица брашно. Убаво се пропржува и смесата се налева со една чаша бело вино и една чаша од водата од печурките..
Целата смеса се сипе врз стекот, убаво се промешува и се додаваат зачинот, биберот, ловорот и уште две чаши вода.
Тавата се става во рерна и се пече околу 30-35 минути на 200степени.
Виното и водата од печурките му даваат посебен шмек на оризот и навистина ќе имате еден прекрасен оброк.
Количината на вода не е многу затоа што и стекот што е пржен во брашно ке му даде дополнителна густина. Пријатен ручек.