Шарен паметен колач
Состојки
- 8 јајца
- 1 литар ладно млеко
- 200гр. кафена чоколада
- 200 гр. шеќер
- 11 лажици брашно
- 2 лажички екстарт од ванила или рум
Подготовка
Најпрво во сад на оган стопете го маргаринот. Оставете го да се излади, брзо се лади. Во исто време на сад на пареа искршете ја чоколадата на коцки и оставете ја да се стопи. Откако се стопила, оставете ја цело време на пареа, ама не на оган.
Почнете со подотовка тестото.
Во сад одделете ги белките од жолчките. Белките изматете ги во цврст снег, ама да не биде многу сув, бидејќи нема да може да се соеднини со смесата. Изматете и оставете настрана.
Во садот со жолчките додајте го шеќерот. Матете со миксер додека се добие пенаста смеса. Полека додајте го млекото и постојано мешајте со шпатула. Додајте го изладениот маргарин и стопената чоколада, ако биде млака. Додајте го просеаното брашно, измешајте да нема грутчиња. Додајте го изматениот снег од белки и екстратот од ванила. Измешајте со шапатула се да се соедини.
Ќе добиете течна смеса. Сместа ставете ја во подмачкан и побрашнет плех 20х30см.
Печете во загреана рерна на 170 степени околу 1 час додека зарумени. Оставете го да се излади потоплно околу 1 час во фрижидер, потоа сечете парчиња.
- На сликата е половина доза во долгнавест плех, направив половина само така за проба. Колачот се дели на 3 слоја, може и на 4-5 кога како кај кого. Кај мене долниот 1 слој беше густ и тегникав, тенок. Вториот беше покремаст од оној пудинг за торта, со силен вкус на пржени јајца, убава текстура и жолта боја, а 3 најгорен слој е издвоен пандишпан како и секој.
Нас ни се допадна и се изеде. Препорачувам ако не го сакате вкусот на јајата кој доста се вкусува и приметува во колачот, да не се прави. Колачот на почетокот нараснува, а потоа со ладење спаднува тоа е нормално, да не барате грешка во рецептот.