Испечати

Сардина од скуша

Сардина од скуша

Состојки

  • 3 кг скуши
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша киселина
  • 2 главици кромид
  • 3-4 моркови
  • 2-3 суви (можи и свежи) пиперки
  • мала киска магдонос
  • сол, бибер во зрно, црн бибер мелен, вегета, оригано...
  • неколку ловорови ливчиња

Подготовка

Рибите исчистени и измиени се сечат на парчиња од околу 3 прста дебелина. Во тенџере се реди еден ред од парчињата риба. Над нив се става сецканиот кромид целосно да ги покрие. Потоа се ставаат зачините, ловоровите ливчиња, ситно сецканите пиперки, па сецкан морков и магдонос. Потоа пак се редат парчиња скуша и врз нив на ист начин слој од кромид, морков и зачини.
Колку реда риба ќе направите зависи од ширината на дното на тенџерето. Обично оваа грамажа оди во 2 реда, така да кромидот и морковот ќе ги распределите по пола за двата слоја. Всушност, дозволени се отстапки во количината на истите, повеќе или помалку спема желбата, но добро е редот од кромид убаво да го покрие слојот од риба.
Кога се заврши со редењето се додава маслото и киселината и се налева вода 3 прста над последниот слој, се покрива со капак и се вари на тивок оган околу 3,5 часа.
Се служи со лимон.

* Освен скуша, можи да се направи и со друг вид риба.
* Киселина користете спрема желба, винска или јаболкова.
* На ист начин можи да се спреми во тегли, па спрема потребите да се отвораат и конзумираат.