Испечати

Велигденска декорација-Јајце од балон

Велигденска декорација-Јајце од балон

Состојки

  • 1 или повеќе балони
  • 1 или повеќе клопче волница
  • лак за коса
  • четче и ножички
  • и добра волја и по можност еден помошник : )

Подготовка

Надувајте го балонот. Од неговата големина и облик че зависи изгледот на јајцето.
Во една пластична чаша или подлабок сад ставете го штиракот, додадете му малку дрвофикс, не повеќе од пола доза од количеството штирак (дури и помалку е добро). Туѓите искуства велат дека и без дрвофикс можи да е успешно, но што е сигурно-сигурно е ;)
Едниот крај на конецот намотајте го на устинката на балонот и потоа мотајте го конецот-вертикално, хоризонтално, на косо... да се формира мрежа околу моделот од балон. Густината на мрежата одредете си ја сами колку густо сакате да е испреплетен конецот. Добро е ни многу, ни малку густо.
Е сега, во врска со лепењето. Има 2 начини, па како ви е полесно-така. И за двата начини добро е балонот да се премачка со смесата за лепење. Едниот начин е цело клопче да се макни во смесата и дополнително да се примачкува, а другиот, кој јас го користев, е да се мота и во меѓувреме премачкува одозгора. Кој начин и да го оддберите, важно е конецот да е секаде навлажнет, да нема суви делови.
Кога ќе завршите со таа постапка, време е за сушење. Најдобро е да се суши врзан и обесен, најмалку една ноќ, па и ден. Но, местото и временските услови ако не ви го дозволат тоа и сушите на под како мене, ќе треба да имате предвид дека делот каде се допира балонот на подлогата не е сув во однос на останатиот кој го допирал само водухот. Ќе мора да го свртите и тој убаво да се исуши, па времето на сушење ќе продолжи.
Кога ќе се уверите дека сосема е сув конецот и на благ допир цврст, балонот се пука со игла и се вади низ отворите на мрежата.
Со ножички се сечи отвор (вратничка). Надвор и внатре се украсува со велигденски мотиви.
Уживајте во празниците! ;)