Гнезда од кори
Состојки
- по потреба кори за пита
- За премачкување на корите
- 1 јајце
- 1/2 чаша кисело млеко
- 1/3 чаша пресно млеко
- 1/2 чаша зејтин и топен маргарин (пола-пола)
- по 1 лажичка пециво и сода бикарбона
- 1 лажица брашно
- 1/2 лажичка шеќер
- Фил
- 1 чаша сирење ронето или рендано (може и урда)
- 300 гр. спанаќ
- 2 јајца (една жолчка одделете, значи 1 јајце и 1 белка)
- на вкус сол
- За премачкување
- 1 жолчка
- од око кисело млеко и малку зејтин
- за посипување сусам или микс на семиња
Подготовка
1. Смеса за премачкување
- Во сад измешајте јајцето, киселото и пресното млеко, додајте зејтинот и стоепниот маргарин, пецивото и содата, брашното и шеќерот. Сето тоа измешајте го, ќе добиете ретка смеса.
2. Фил
Обарениот спанаќ исечкајте го, во него додадете ренданото или ронето сирење (урда) ставете 1 јајце и 1 белка, жолчката оставете ја за премачкување.
3. За премачкување
- Изматете со вилушка жолчката и киселото млеко, додајте зејтин...
Оформување
- Исечете ги корите на триаголници
- Премачкувајте со смесата една кора (еден триаголник) врз него ставете уште еден, премачкајте, врз него уште еден, премачкајте (значи три триаголника се премачкуваат). Од широката страна мотајте го како ролат, кога ќе дојдете до средината, свиткајте ги на внатре краевите за да се спојат, а останатиот дел ( ќошот што останува) префрлето го навнатре и оформете го дното од гнездото. Наполнете со филот, премачкајте со разматената жолка со киселото млеко и зејтинот. Посипете со сусам или микс на семиња
- Се така додека потрошите филот, наредете во плек или можете да ги ставате во модлите за муфини, толку големи излегуваат.
Печете во загреана рерна на 200 степени.
Забелешка
- Приказ сликовите има - но со не многу успешни слики, сепак се познава.
- Со оваа количина на фил направив 16 гнезда, кори имав 1/2 кгр. - останаа. Доколку сакате да спремите повеке на број, зголемете ја количината на филот.