Испечати

Посни печени пирошки полнети со соја трошки

Посни печени пирошки полнети со соја трошки

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 1 свеж квасец
  • 1 филџан масло (100мл)
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • по потреба (околу 500 мл) млака вода
  • *За фил
  • 1 пакетче соја трошки
  • 1 главица кромид
  • сол, зачини мешан сув зачин, црн бибер (умерено)

Подготовка

Како вовед. Рецептот е од мајка ми. Тие често овие така наречени пирошки ги подготвуваат, а особено кога постат. Јас не постам, но многу ми се допаѓаат и се навистина убави и вкусни.

Од состојките за тесто, најпрво активирајќи го квасецот, па со помош на млаката вода замесете меко тесто. Оставете го да нарасни.
Нараснатото тесто поделете го на мали топченца со големина колку мандарина (одприлика 16-20).
Секое топче тесто, со оклагија расучете го тенко во вид на правоаголник со должина колку сметате дека ќе ви биди една пирошка. Секако дека можите да ги направите и покуси и подебели во расукувањето ако сакате да експериментирате.
Во средината ставете од филот и преклопете го со подолгите страни. Доколку се случи некое од парчињата да е подолго од планираното, слободно свиткајте го малку и од покусиот крај.

Секоја свиткана пирошка редете ја во подмачкан плех, попрскајте ги со малку масло и печете во загреана рерна од 180 степени 10-15 мин, зависно од јачината на вашата рерна. Тестото овде е тенко расукано и брзо се печат. Но доколку се одлучите за варијанта со подебело тесто, тогаш продолжете го за малку печењето спрема потребата.

Печените посни пирошки со помош на четче премачкајте ги со масло (така ќе изгледаат како да биле предходно премачкани со јајце) и покријте ги со кујнска крпа. Кога малку ќе подоладат, барем 10 минути најмалку, можите да се служите ако ви се брза. Одлични се и меки и кога убаво ќе оладат.

За филот, кромидот ситно исецкајтего и пропржете го на малку масло додека не стане стаклест, па додадете ги соја трошките, кои предходно сте ги спремиле спрема упатството на ќесичката и убаво на крај сте ги исцедиле. Пропржете ги заедно кратко време, додајте ги зачините и филот е готов.

Забелешка
Иако на крај го напишав филот, убаво е тој најпрво да се спреми, односно делот со подготовката на соја трошките за да има доволно време добро да се исцеди од водата.