Испечати

Кремасти коцки со банани

Кремасти коцки со банани

Состојки

  • Бисквит
  • 150 мл. јогурт
  • 175 гр. банани ( една голема )
  • 120 гр. шеќер
  • 80 гр. брашно
  • 5 лажички какао
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 4 белки ( плус малку сол )
  • Фил
  • 250 гр. банани ( две средни )
  • 4 жолчки
  • 120 гр. шеќер
  • 80 гр. прашок за пудинг ( две кесички )
  • 50 гр. густин
  • 750 мл. млеко
  • 300 мл. слатка павлака
  • Ганаш
  • 200 мл. слатка павлака
  • 100 гр. млечно чоколадо
  • 80 гр. чоколадо за готвење

Подготовка

Најпрвин подгответе го филот за да има време убаво да се излади.

Фил

1. Извадете од млекото 100 мл., а останатото ставете го на оган да се вари. Во млекото додадете ги жолчките, прашокот за пудинг, шеќерот и густинот. Убаво измешајте да нема грутки и кога ќе зоврие млекото истурете ја содржината и продолжете да мешате додека не ја добиете потребната густина. Оставете го филот да се лади.

Колач

2. Вклучете ја рерната на 180 степени.
3. Бананата и јогуртот убаво испасирајте ги во блендер. Ако немате, можете рачно со вилушка да ја испасирате бананата, па потоа да ја измешате со јогуртот. Во оваа смеса додадете ги сувите состојки, брашното, какаото, прашокот за пециво и убаво измешајте.
4. Ставете ги белките со малку сол во посебен сад, па почнете да матите. Постепено додавајте им го шеќерот додека не добиете мазни и цврсти изматени белки.
5. Измешајте ги двете содржини и ставете ја смесата на хартија за печење.
6. Печете одприлика 20 минути, во зависност од јачината на рерната.

Фил
7. Исецкајте ги бананите и посипете со малку лимон за да не ви потемнеат. Ставете ги во изладен фил и изматете.
8. Слатката павлака посебно изматете ја и додадете ја во филот, па продолжете да матите уште минута - две додека не добиете хомогена смеса.
9. Филот нанесете го на изладениот колач.

Ганаш

10. Искршете го чоколадото во мало тенџере и врз него ставете ја слатката павлака. На умерен оган мешајте постојано додека не се растопи чоколадото и тргнете го тенџерето пред да почне да врие.
11. Ганаш кремата ставете ја врз колачот и оставете 1-2 минути да се излади и стегне.

Совет
Млекото и јогуртот нека ви бидат со 3.5% масленост.
Бананите нека бидат на собна температура и да не бидат презреани.
Печете во плех 20х40 или некој сличен.
Не брзајте да го сечете додека не е стегнат, како мене на пример.