Испечати

Ориз со мелено месо

Ориз со мелено месо

Состојки

  • 500 гр мелено говедско месо
  • 340 гр ориз
  • 350 гр павлака
  • 3 јајца
  • 1 главица кромид
  • 40 +30 гр путер
  • по вкус сол, бибер,зачин

Подготовка

 Ставете го оризот во ладна солена вода, солта додадетеја по ваш вкус. Износот на водата треба да биде два пати повеке од оризот (на пример една чаша ориза, две чаши вода). Додадете и 40 гр путер, вари на бавна температура со затворен капак промешувајки повремено.
Откако ќе извари водата целосно оризот е готов.
Во тава испржи го сецканиот кромид, можете да додадете и сецкана сува пиперка, додадете го и меленото месо и зачинете по вкус, потпржете додека да се испржи меленото месо.
Јајцата изматете ги со рачна маталка, додадете ја павлаката и заедно соединете и додадете го сварениот и подоладен ориз и повторно измешајте.
Земете тава на дното премачкајте со масло додадете половина од оризот, одозгора целата количина на меленото месо, па втората половина од оризот. По површината додадете го преостанатиот путер исечкан на парчиња. Печете на 180 додека да додбиете светло кафеава боја.