Посна пикантна тортиља со грав
Состојки
- Тортиља
- 240гр. брашно
- 180мл. млака вода
- 1/2 лажичка сол
- по потреба масло
- За полнење
- 250гр. грав
- 10 шери домати
- 1 помала главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 морков
- 2 суви пиперки
- 2 лажици сецкан свеж магдонос
- 1/2 лажиче луто пиперче во прав
- по потреба мешан сув зачин, мелен црн бибер
Подготовка
Подготовка на тортиљи
Од брашното, водата и солта замесете меко тесто.
Поделете го на мали топчиња и оставете ги да отстојат 45 минути.
Секое топче полека развлечете го на намрсната подлога и горниот дел од секоја тортиља премачкајте ја со масло.
Пржете ги на загреана тава од двете страни по 2 минути, зависно од јачината на шпоретот.
Да нагласам во врска со пржењето, нека биде постепено, значи една тортиља развлечете ја испржете ја, па потоа продолжете со следната.
Полнење
Во тава на оган ставете масло да се загрее.
Додајте го сецканиот кромид, сецканиот лук и ситно изренданиот морков.
Пржете ги додека омекнат, а потоа додајте ги шери доматите исечени на помали парчиња.
Откако доматите ќе пуштат сок, додајте го претходно сварениот грав и испасираните варени суви пиперки.
Пропржете ги сите состојки заедно и зачинете со магдонос, мешан сув зачин и мелен црн бибер, и пиперче во прав.
Секоја тортиља свиткајте ја по желба и наполнете ја со подготвената смеса.