Испечати

Лешник-карамел коцки

Лешник-карамел коцки

Состојки

  • 8 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици мелени лешници
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво
  • фил
  • 1л млеко
  • 15 лажици шеќер
  • 3 кесички пудинг од лешник
  • 250гр маргарин
  • 200гр шеќер во прав
  • 100гр бела чоколада за готвење
  • 100гр црна чоколада за готвење
  • 2 кесички шлаг крем од ванила

Подготовка

8 жолчки се матат со 15 лажици шеќер додека се добие пенаста смеса. Белките се матат настрана во цврст снег, а потоа се додаваат кон жолчките. Внимателно со лажица смесата се изедначува, а потоа седодаваат лешниците, брашното и пецивото. Смесата се меша внимателно и се дели на два дела кои се печат во плех на хартија како и секој друг пандишпан 15-20 минути на 180 степени.

Фил
Шеќерот се загрева додека се растопи, да се карамелизира, а потоа се налева со врелото млеко. Смесата се вари додека се растопи карамелизираниот шеќер, а потоа се додаваат пудинзите и се вари крем.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав додека стане кремаст и се додава кон оладениот пудинг.
Целиот фил се миксира 10 минути убаво да се спои, а потоа се дели на два дела.
Во едниот дел се додава белата чоколада, а во другиот црната чоколада.
Се реди првиот дел од пандишпанот, па се филува со филот со бела чоколада, вториот пандишпан, па фил со црна чоколада, а најгоре се става шлаг кремот од ванила.