Испечати

Динстан компир со вино и прилог од ќофтиња

Динстан компир со вино и прилог од ќофтиња

Состојки

  • За компирот
  • 750 гр. компири
  • 500 мл. вода
  • 250 мл. бело вино
  • сол,мешан сув зачин,бибер по вкус
  • За ќофтиња
  • 700 гр. мелено месо
  • сол, мешан сув зачин,бибер по вкус
  • 1 јајце
  • 100 гр. презла
  • масло за пржење
  • брашно по потреба

Подготовка

За компирот

Компирот исечете го на коцки или кришки. Ставете го во тенџере. Полејте го со вода и вино, посолете и зачинете. Ставете да се вари на среден оган со затворен капак. Привремено мешајтее. Проверете дали е сварен. Ако не е сварен со таа течност долејте уште вода.
Да се олади, служете и компирот е готов.

За ќофтињата
Во сад ставете ги сите сосотојки, замесете компактно тесто, оставете го 20 мин. во фрижидер, ама не мора. Со намрсени раце правете топчиња. Валкајте ги во брашно обилно. Ставајте ги настрана. Направете ги сите ќофтиња. Во загреано масло пржете ги. Вртете ги од двете страни по 1-2 мин. додека се испржи рамномерно. Ваѓајте ги на салафетка да се исцеди вишокот од маснотоја.