Испечати

Посна лисната пита со јаболка

Посна лисната пита со јаболка

Состојки

  • 500 гр. лиснато тесто(посно)
  • 1кг - 2 кг јаболка
  • цимет по желба ,1/2 лимонов сок

Подготовка

Лиснатото тесто поделете го на два дела.
Ставете го едниот дел на побрашнета површина и растегнете го тенко, во големина од тавата која ќе печете (20 х30 или поголема).
Ставете го едниот дел на намрсениот плех.
Растегнете го нагоре над врвовите од плехот(да висат).
Ставете ги јаболката измешани со лимоновиот сок, шеќер и цимет, претходно исечкани на коцки или ливчиња или изрендани.
Израмнете ја површината, ставете го и другиот дел од лиснатото тесто убаво притиснете по краевите за да се затвори.
Украсете ја со преостанатото тесто.
Печете на 200 степени додека порумени или 35-40 мин.
Нека се излади и посипете ја со прав шеќер и сечете парчиња.