Бели ситни колачи со портокал
Состојки
- 250гр шеќер во прав
- 250гр млеко во прав
- 3 филџани (200мл) сецкани ореви
- 1 портокал (рендана кора и сок)
- 1-2 филџани добро растопен маргарин
Подготовка
Се тураат шеќерот и мелкото во прав во длабок сад се додаваат и оревите и на овие состојки се додава маргаринот. Откако ќе ја формираме сместаа се додава кора од еден изрендан портокал и сок од еден портокал. Се меша се додека не се добие хомогена смеса. Се прават фигури со калапи и се украсуваат по желба.