Испечати

Макало - во две варијанти

Макало - во две варијанти

Состојки

  • од око лук
  • на вкус сол
  • од око подпечени ореви
  • од око суви везени пиперки- лути
  • малку вода

Подготовка

Ех... сега како да пишувам... вака ќе кажам
Овој рецепт е стар колку што е старо тоа садчето што го гледате на фотката во која се исклучиво толчи лукот. Датира уште пред повеке од 100 години, од колено на колено се пренесува рецептот, а садчето се чува и се чува, од пра-пра дедо кој сам го направил длабејки дрво, па кај пра дедо, па кај дедо, па кај татко ми и сега кај мене... хи-хи...
Ај доста за историјата, сега постапката.
Значи вака
Рецептот е се од око, нема мерка нема нишан, секако успева, а дали ќе ставите помалку или повеќе ореви или лук, нема да ја згрешите никако.

1. Подпечете ги малку оревите и везените лути пиперки
2. Излупете го лукот, ставете во садот за толчење (аван) додадете солта и заедно толчете се додека не се разбие лукот. Додадете ги оревите и продолжете да толчите се додека не добиете убава компактна смеса.
3. Додадете ги печените лути суви пиперки и продолжете да толчите, готово е кога се спојат и пиперките во смесата. Додадете сосема малку млака вода колку да се разреди, измешајте - толку е.

Забелешка
- Доколку сакате да ова макало биде без лути пиперки, тогаш извадете од аванот во каленица од смесата кога се истолчени само лукот и оревите, додадете малку млака вода во вака добиената смеса, досолете ако не ви е солено и готово, земајте лебот да топите
- Доколку сакате да сепак има пиперки, тогаш испечете благи пиперки.
- Јас ја поделив добиената смеса на два дел. Во едниот дел само ставив малку вода, а во другиот дел додадов пиперки и истолчив и така имам во исто време од двата вида на макала.

Ова макало се спрема за време на постите кои траат долго. Покрај гравот со расол, грав и спанаќ и ова е едно од главните јадења кои се принесувале за време на постот.
Се подпекува кришката леб, се мака, а доколку не го разредите многу, тогаш може и да се користи како намаз.