Испечати

Крем од лимон и портокал

Крем од лимон и портокал

Состојки

  • 1 лимон
  • 2 портокала
  • 180-200 гр. шеќер
  • 150 гр. кравјо масло - путер
  • 3 јајца

Подготовка

Постои крем од лимон- Lemon curd, крем од портокал, а ова е комбинација - лимон и портокал, крем кој ќе ви послужи во филовите и преливите на колачите.
Постапка
1. Исцедете сок од 1 лимон и 1 портокал
2. Изрендајте на ситната страна од рендето кора од 2 портокала.
3. Растопете го путерот
4. Во сад во кој ќе го работите кремот ставете ги сокот, шеќерот, кората од портокалот, 1 цело јајце и 2 жолчки. Со жица изматете ги за да се соединат. Додадете го стопениот путер и продолжете да матите за да се спојат состојките.
5. На оган ставете тенџере со вода да зоврие, врз него поставете го садот во кој матите, продолжете да матите над пареа се додека не се згусти кремот. Лесно ќе познаете кога е готов овој крем, брцнете ја лажичката и свртете ја наопаку, со прстот поминете низ кремот - ако се направи што велиме ние „ПАТ“ - Готов е кремот. Тргнете од огнот и соберете во тегла.

Забелешка
- Кремот над пареата можете да продолжите да го матите со жицата или пак со миксерот.