Торта со два фила и бисквити
Состојки
- 450-500 гр. бисквити
- Фил 1
- 1 литар млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 пакетчиња пудинг од ванила или карамела
- 200 гр. прав шеќер
- 250 гр. маргарин (на собна температура)
- Фил 2
- 500 гр. шлаг пена или шлаг-крем
- 500 мл. кисела вода
- 50 гр. кокос
Подготовка
Најпрво се подготвува фил 1.
Се одделува 200 мл од млекото, другото се става да се загрее. Во преостанатото млеко се раствора пудинзите со шеќерот. Во загреано млеко кое почнало да врие се додава растворениот пудинг. Се меша постојано додека згусне. Се остава во фрижидер 2 часа да се олади и стегне.
Во сад се става маргаринот и шеќерот се миксира додека маргаринот стане пенест, се додава лажица по лажица од изладената смеса. Се миксира додека се спои.
Фил 2
Во сад се става шлаг-пената и водата се миксира додека ја добие потребната густина, се додава и кокосот се миксира колку да се соедини.
Филување
Се реди на подлога 3х6 бисквити. Се премачкуваат со 1/5 од филот, се реди и 1/5 од шлагот, се реди повторно бисквити и од филовите се додека се потроши материјалот. Се украсува со шлаг. Се остава во фрижидер за бисквитите да омекнат. Се сечи на парчиња.
ЗАБЕЛЕШКИ
Јас кога го мачкав филот од пудинг на првиот слој бисквитите тие не издржаја и насекаде се поместува, па можете првиот слој бисквити малку да ги натопите во млеко колку да можат да се залепат на подлогата или пак на подлогата ставете малку маргарин.
Тортата беше за на 4х5 бисквити и на 6 реда бисквити и јас ја направив на 5 реда по 3х8 бисквити. Филот беше малку за тортата. Всушност имаше само колку да се премачкаат бисквитите. Затоа ако сакате да ви се познаваат редовите бисквити, да не изгледаат како залепени со маргарин и да изгледа `неугледно`правете ја на пример 2х7 бисквити и филовите поделете ги на 3 дела.
Јас наместо шлаг пена ставив слатка павлака.
Може да се стави од бисквитите со фил, но да не бидат 2х2 лепени.
Мене ми требеа 90 бисквити.
Во првиот фил може да додадете ситно сечкани лешници или ореви или нешто друго по желба.
Јас ја сечам по линиите на бисквитите секако ако се гледаат за да не биде пола од едно пола од друго парче бисквитата и да се одлепи.