Хусарски бакнежи
Состојки
- 285 гр брашно
- 2 лажици густин
- 200 гр маргарин
- 100 гр шеќер
- 2 жолчки
- прстофат сол
- 40 гр мелени лешници
- 40 гр мелени ореви
- 3 лажици мармалад
Подготовка
Најпрво измесете ги брашното и маргаринот. Кога ќе добиете ронливо тесто, додадете го шеќерот, солта и жолчките. Повторно измесете. На крај додадете ги мелените лешници и ореви. Доколку немате од двата вида додадете 80 гр или лешник или орев, но оваа мешана коминација случајно се погоди многу вкусна, па на вас оставува за што ќе се одлучите.
Измесеното тесто оформете го во вид на салама и завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 1-2 часа.
Одстоеното тесто исечете го на еднакви делови од кои ќе формирате мали топчиња(колку орев) и ќе ги редите во подмачкан плех. На секое топченце одозгора во средината со помош на дрвена лажица направете дупка.
Печете на 180-190 степени 10-15 мин. Внимавајте да останат бели.
Откако ќе се испечат колачињата, оставете ги малку да подоладат во тавата, па потоа вадете ги, бидејќи се се уште многу меки и ронливи. Бидејќи носат име бакнежи, нека не ве плаши тоа што малку ќе подраспукаат, тоа е синоним на усните кога се наместени за бакнеж. Не заборавајте додека ги вадите од плехот да пробате едно на моја сугестија :)))
Мармаладот по правило треба да е со црвена боја, некој од јагоди или малини со убава црвена боја би бил најпогоден-затоа што усните се црвени. Но, доколку не најдете, или пак некои и од таквите мармалади што се продаваат ја немаат таа боја, можите да замените со мармалад од кајсија и малку црвена прехрамбена боја. Во овој случај јас иако многу касно ги правев и ми беше мака сепак, си поиграв со повеќе бои, онака за око да се малку шаренки. Искористив 2 мармалади од јагода, од кои едниот со посветла, а другиот со потемна боја и зашеќерен шербет од слатко од смокви, на кој додадов неколку капки ментол екстракт, па во мојот случај немаше потреба од прехрамбени бои.
Колачињата посипете ги со шеќер во прав и потоа вдлабнатините полнете ги со мармалад. Пред да го поставите мармаладот, малку загрејте го за да стани течен, за полесно да го нанесите.
Одамна во мојата тетратка за рецепти имам залепено исечоци од пакетчињата прашок за пециво и овие хусарци одамна чекаа да дојдат на ред. Но, нетот случајно ми ја пружи оваа, по мене подобрена верзија, па се одлучив за почеток од неа да почнам. Сепак, ако некој случајно нема јаткасти овошки овде во текстот ќе ви ја напишам и таа, па вие кои ќе се одлучите да го испробувате овој рецепт, ќе имате 2 варијанти со исто име во еден рецепт;)
300 гр брашно
2 лажицки пециво
70 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 јајце
4 лажици млеко
150 гр маргарин
И тука не се спомнува чување на тестото во фрижидер-значи можи одма да го работите и вели, пред печење да се премачкаат со разматена белка, а откако се испечат не се става шеќер во прав, другото се е ист принцип како погоре опишаното.
Забелешка:
Многу бев на искушение во овие кои ги правев да ставам пециво (ако приметивте едната верзија е без, а другата со пециво), онака за сигурност, но не ставив. Сепак, испаднаа одлични и без него.