Испечати

Јогурт торта со јагоди и мед

Јогурт торта со јагоди и мед

Состојки

  • Кора
  • 4 жолчки
  • 4 белки
  • 10 гр мед
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажица млака вода
  • 70 гр брашно
  • 30 гр нишесте
  • 12 гр какао
  • 10 гр прашок за пециво
  • Фил
  • 2 кесички(80гр) шлаг
  • 200 мл ладно млеко
  • 2 лажици мед
  • 500 мл јогурт од јагоди
  • 200 гр сецкани јагоди
  • 5 листови желатин

Подготовка

Подготовка на кората
Жолчките изматете ги со шеќерот и медот во кремаста и бела смеса.
Белките изматете ги со прстофат сол во снег и додајте ги во смесата од жолчки. Измешајте ги со лажица или жица.
Брашното, нишестето, какаото и пецивото измешајте ги, додајте ги во смесата и измешајте ги да се изедначат. Истурете ја во намачкан и набрашнет калап (26) и печете ја околу 15 мин на 180 степени.

Подготовка на филот
Желатинот ставете го во ладна вода 10 мин да омекне.
Шлагот изматете го со млекото и медот. 100 мл од јогуртот ставете да се загрее, додајте го желатинот, измешајте го да се стопи и додајте го во шлагот. Додајте ги јагодите и преостанатиот јогурт и измешајте ги.

Филовање
Печената и оладена кора поделете ја на половина. Едната половина ставете ја во калапот, ставете половина од филот, поклопете го со втората половина од кората и ставете го останатиот дел од филот.
Наросете ја со несквик и ставете ја во фрижидер да се стегне неколку часа, потоа послужете ја.