Француски колач со маслинки и кашкавал
Состојки
- 100 г интегрално пченично брашно
- 250 мл млеко
- 100 г зелени маслинки со пиперка
- 100 г кашкавал
- 4 јајца
- 1 лажица маслиново масло
- 1 кесичка прашок за пециво
- малку сол
Подготовка
Помешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
Додадете 4 јајца, претходно само малку разматени со вилушка, па со лажица соединете ги јајцата и брашното, мешајќи додека смесата не стане глатка без грутчиња.
Потоа додадете го млекото, кашкавалот, маслинките и маслиновото масло, добро измешајте и оставете саат-два да отстои.
Промешајте, префрлете во четвртаст плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
Печете околу 40 минути на температура од 180-200 степени или додека не добие убава златна боја. Оставете малку да се олади и исечете го.