Испечати

Сос од кисели краставички

Сос од кисели краставички

Состојки

  • 5 кисели краставички
  • 6 големи лажици мајонез
  • 100 гр бело вино
  • 1/2 лажиче мало копар

Подготовка

Еве еден сос кој што често го користам кога имам прженици за ручек. Брз е и едноставен, а верувам дека ќе ви се допадне.
Краставичките се рендаат и се префрлаат во сад. Се додава мајонезот и се промешува убаво. За да се разреди густината, се додава бело вино.
( Кога немам бело вино, ја додавам течноста во која стојат краставичките во теглата )
Зачинувам со копар.
Промешувам добро и префрлам во чинија, каде декорирам со магдонос.
Уште еднаш да кажам дека сосот е добар и како додаток на пржени компирчиња, стек, пилешки прсти......
На здравје