Мешани ќофтенца
Состојки
- 300 гр мелено свинско месо
- 1 лажица мешан зачин
- 1 голема главица кромид
- 1 тиквичка рендана
- 3 гранчиња магдонос
- 1/2 пециво
- 1 лажица буковец
- 1 јајце
- 2 лажици брашно
Подготовка
За подготовка на овој рецепт прво треба да ја изрендаме тиквичката.
Потоа, во длабок сад ја помешуваме со меленото месо и ситно сецканото кромидче. Додаваме магдонос, црн бибер јајце и пециво. Зачинуваме и промешуваме. Додаваме брашно да се стегне смесата.
Потоа оставаме во фрижидер околу 15 минути.
На страна во тава го загреваме маслото, па со лажица ги додаваме ќофтенцата да се пржат.
Се пржат малку подолго, заради тиквичката која ја има во составот.
Затоа ги пржиме на потивок оган и штом ќе ја сменат бојата веќе се готови. Имаат прекрасен вкус и се многу ровки.
На здравје