Копани со спанаќ
Состојки
- 1/2 кг. спанаќ
- 200 гр ориз
- 3 копанчиња пилешки
- 500гр вода
- 100 гр зејтин
- 1 лажица мешан зачин
- 1 главица кромид
- 100 гр брашно
- 1 лажица црвен пипер
Подготовка
Рецептот го започнуваме со тоа што ги ставаме копанчињата да се обарат. Откако се обаренки, ги вадиме на страна да се исцедат од водата. Откако ќе ги посолиме ги валкаме во брашно.
Така поховани ги пржиме во врел зејтин на тивок оган додека не заруменат.
Готовите копанчиња ги редиме во земјената тава, па продолжуваме со подготовка на спанаќот.
Во истиот зејтин каде преходно ги пржевме копанчињата, го запржуваме ситно сецканото кромидче. Го додаваме и спанаќот. Го оставаме да се испржи добро, па потоа го додаваме и оризот. Промешуваме и зачинуваме со црвен пипер и мешан зачин. Оставаме уште 2-3 минутки, па ја додаваме топлата вода. Промешуваме и смесата ја префрламе во земјината тава. Поклопуваме со капак и оставаме да се пече. После 30 минути во рерна, јадењето треба да е готово.
Напомена
Значи, се зависи како ви работи рерната. Мене ми требаше околу 30 минути убаво да се свари и оривчето и копанчињата, а и водата да си испари онолку колку што е потребно
На здравје