Испечати

Кнедли од компир со овошје или мармалад (џем)

Кнедли од компир со овошје или мармалад (џем)

Состојки

  • 600 гр. компир
  • 240 гр. брашно
  • 2 бр. јајца
  • малку сол
  • 4 лит. вода (за варење на кнедлите,тежински сооднос, вода-кнедли 5-1)
  • 60 гр. суви сливи или
  • 240 гр. овошје свежо (сливи, кајсии,вишни,цреши и сл.) или
  • 50 гр. мармалад или џем.
  • 1.кафено лажиче шеќер за секоја кнедла
  • 100 гр. презла
  • 60 гр. шеќер кристал
  • 1/2 пак. ванилин шеќер
  • 50-60 гр. масло
  • малку шеќер во прав

Подготовка

Сезона на суво овошје, залихи на мармалад или џем, се ближи сезоната на свежо овошје и како да ги употребите на нескојдневен начин, без пржење и печење и во доменот на здрава исхрана, еве ви една идеја-рецепт.
1. Презлата, малку на маслото да се пропржи, но да ја зачува светлата боја и оставете да се олади.
2. Од овошјето да се извадат семките, а сувите сливи ако имате време ставете ги малку во вода да набубрат.
3. Подготовка на тестото
Компирот се вари со се лушпата. Кога ќе се свари се лупи, пасира-гмечи и во него се додава брашното, јајцата и малку сол и сето заедно се меси во еднолично тесто.
4. Формирање на кнедлите
Веднаш на побрашнета површина се сука приближно правоаголна кора со дебелина од 1-1,5 см. - Кората се сече на коцки со димезии околу 7х 7 см. Секоја коцка ја полниме со овошје ( суво,свежо, или мармалад-џем) ако се полни со овошје се додава и 1 мало лажиче шеќер, потоа аглите од коцката на тестото ги спојуваме према средината, ги притискаме краевите да залепат и со дланките оформуваме кнедла-топка.
Како гнедлата ја оформуваме веднаш ја ставаме во пошироко тенџерче со зовриена вода и маклу посолена и така до последната кнедла
Кнедлите се варат 20-25 минути, сметано од ставањето на последната топче-кнедла .
5. Валкање во презлата и шеќерот
Откако кнедлите ќе се сварат, со решеткаста лажица се вадат од водата, се цедат и се валкат во пропржената презла која кога се изладила сте ја измешале со шеќерот кристал и ванила шеќерот.
Кнедлите најдобро е да се служат топли и по потреба спрема вкусот може малку да се посипат со шеќер во прав .
6. Напомени
Количината на плодовите кои ќе се стават во кнедлата зависи од видот на овошјето и големината на истото
- Внимавајте во почетокот кнедлите да не се залепат на дното на садот(затоа и се стават топчињата едно по едно за да не престане водата да врие, покасно во варењето нема проблеми затоа што кнедлите почнуваат да пливат во водата)
- При валањето, покрај напред опишаното, може и да се прво извалкат во презла, па во шеќер измешан со ванилин шеќер.
- Правиот вкус на кнедлата кога се конзумира се осека со истовремен загризок на тестениот дел со дел од полнетото овошје.