Посни крофни
Состојки
- 500гр брашно
- 300мл топла вода
- 9 лажици зејтин
- 1 квасец
- 1/2 лажица сол
- 2 лажици шеќер
- 1 лимон
- 50гр шеќер во прав за посипување
- 500мл зејтин за пржење
Подготовка
Квасецот се става во водата да скисне заедно со шеќерот и 2-3 лажици брашно.
Брашното се просејува и се замесува тесто со квасецот, солта и зејтинот. Ако сакате благи крофни тогаш се ренда и кора од лимон, а ако сакате да бидат солени изоставете го лимонот.
Тестото се остава да стаса, а потоа на набрашнета маса со чаша се ваѓаат крофни. Ако сакате полнети крофни најубаво е да се прават на рака. Се зема тесто се расплескува на рака и се полни со фил(мармалад,сирење).Тестото се затвара и се обликува крофна која се остава на набрашнет плех да стаса.
Стасани крофните се пржат на не многу врел зејтин додека заруменат од двете страни.Топли се поросуваат со прав шеќер
Покрај рецептот на Светле еве уште еден кој се разликува по состав, а за вкусот ќе мора сами да пробате.