Посен Кекс Колач со банани
Состојки
- 4 банани
- 200 гр. брашно
- 150 гр. шеќер
- 1 лажица нишесте
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- прстовет сол
- 150 гр. маргарин
- 100 гр. црно чоколадо за готвење (посно)
- 3-4 лажици сок
- 1/4 лажичка индиско оревче
Подготовка
Има доста рецепти кои треба да останат запишани, за време на постите секако дека некој ќе пребара да види.
Еве го денешниот мој кекс.
1. Чоколадата насецкајте је ситно.
2. Во сад ставете го брашното, додадете половина од сецканата чоколада, содата, солта и индиското оревче. Измешајте.
3. Стопете го маргаринот.
4. Испасирајте три банани со пасатор (четвртата е за врз колачот), додајте го во нив стопениот маргарин, измешајте, додајте шеќерот и сокот и со лажица продолжете да ги измешате сите состојки како би се споиле.
5. Во брашното додадете ја добиената смеса со пасираните банани, измешајте ја сега повторно целата оваа смеса да се спои со брашното.
6. Истурете ја смесата во модла, врз неа посипете остатокот од чоколадото и наредете исечканата банана - печете на 180 степени околу 30-40 мин.
Вкусно!
Забелешка
- Сокот ставете по желба - јас секогаш ставам сок од јаболка.