Посна салата со ориз
Состојки
- 400 гр. ориз
- 250 гр печурки маринирани
- 280 гр артичок
- 7 кисели крастајчиња
- 7 моркови
- 300 гр маслинки
Подготовка
Ставете го оризот да се вари во посолена вода и внимавајте да не се превари зрната да останат цели. Сварете ги морковите и исецкајте ги сите состојки и додајте го оризот. Измешајте убаво по потреба посолете и додајте масло исто така по потреба.
Јас користев печурки во конзерва со масло, па обично масло воопшто не употребив. Може да се послужи и како прилог со риба.