Испечати

Солена торта од палачинки

Солена торта од палачинки

Состојки

  • 16 палачинки
  • 3 павлаки( од по 200 гр )
  • 1 пакетче мајонез( 90 гр )
  • 200 гр салама
  • 200 гр кашкавал
  • 7-8 кисели краставички

Подготовка

Прв фил
1. Во еден сад мешаме 1½ павлака со половина пакетче мајонез.
Втор фил
2. Саламата, кашквалот и киселите краставички ги рендаме во еден сад. Во нив го додаваме преостанатион мајонез( половина пакетче) и 1 ½ павлака.

3. Во чинија ставаме една палачинка. Врз неа ставаме една лажица од првиот фил, филуваме. Врз неа ставаме уште една палачинка, ставаме една лажица од првиот фил, филуваме. Ставаме трета палачинка, врз неа ставаме 2-3 лажици од вториот фил, филуваме. Истата постапка ја правиме и со преостанатите палачинки.
На крај ја ставаме последната палачинка. Тортата од палачинки ја премачкуваме од сите страни со првиот фил.