Испечати

Ролат со мелено месо

Ролат со мелено месо

Состојки

  • ролат
  • 1 кг мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица сув мешан зачин
  • ½ лажиче црн бибер
  • 1 лажица буковска сол
  • 2 лажици презла
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици ладна вода
  • 2 мали лажичина сенф
  • 200 гр рендан кашкавал
  • сос
  • 1 чаша вода
  • ½ чаша бело вино
  • 3 моркови
  • 1 тегла печурки
  • 1 говедска коцка

Подготовка

1. Кромидот го чистиме и го рендаме.
2. Во еден сад го ставаме меленото месо, ренданиот кромид, мешаниот сув зачин, црниот бибер, буковската сол, презлата, маслото и ладната вода. Со рака убаво мешаме. Садот го покриваме со фолија и го оставаме да стои еден час во фрижидер.
3. Парче фолија премачкуваме со масло. Се зема половина од смесата, ја ставаме на фолијата и од неа правиме кора.
4. Ја премачкуваме кората со 1 лажиче сенф. На кората од мелено месо ставаме 100 гр рендан кашкавал. Виткаме ролат. Завиткан во фолија го ставаме во фрижидер да стои уште 1 час.
5. Со останатото месо правиме уште еден ролат исто како претходниот.
6. Ролатите ги ставаме во земјена тава, одозгора ги премачкуваме со масло. Во тавата ставаме вода и бело вино. Тавата ја покриваме со фолија. Печиме во рерна на 200 степени 1 час.
7. Од време на време ролатите ги прелеваме со течноста што е во тавата и по потреба се додава вода.
8. Морковите ги сецкаме. Во сад на оган ги пржиме морковите и печурките. Ја додаваме коцката. Во тавта со ролатите ги додаваме морковите и печурките. Повторно покриваме со фолија и печиме уште половина час, а без фолија печиме уште 10-15 минути.