Испечати

Салата од печени компири

Салата од печени компири

Состојки

  • 8 средно големи компири
  • 3 печени црвени пиперки
  • 2 главици лук
  • 2 - 3 лажици маслиново масло
  • по вкус сол, бибер
  • За прелив
  • 1/3 шоља маслиново масло
  • 1/3 шоља Ачето балсамико
  • 1 лажичка оригано
  • по потреба сол, бибер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200Ц.
На плехот од шпоретот ставете хартија за печење.
Компирите излупете ги и исечете ги на покрупни коцки. Ставете ги во најлон кеса, посолете и побиберете, па додајте го маслото. Затворете ја кесата и добро протресете ја содржината. Истурете врз хартијата во плехот и рамномерно распоредете ги компирите.
На двете главици лук отсечете го коренот, па секоја поединечно завиткајте ја во парче фолија. Ставете ги во плехот со компири.
Печете околу 40 - 45 мин, додека компирите не се испечат и не добијат боја.
Лукот извадете го од фолијата, па истиснете го од лушпата во еден мал сад. Испасирајте го со вилушка, додајте ги маслото и оцетот, добро измешајте да добиете компактна смеса слична на поредок мајонез. Измешајте го и ориганото.
Компирите префрлете ги во садот во кој ќе ја сервирате салатата. Печените пиперки искинете ги на тенки траки и додајте ги во садот со компирите. Додајте го преливот, измешајте и дотерајте го вкусот.
Сервирајте топло или млако како салата или како прилог со месо.
Ако немате печени пиперки, свежи лесно намастете ги по површината и ставете ги да се печат во рерна заедно со компирите и лукот.