Видео рецепт: Манџа со џигер и сланина
Нѝ требаше подолго време да Ви понудиме рецепт со џигер, што е навистина чудно бидејќи многу го сакаме. Еве го и првиот таков рецепт. Манџа со џигер и сланина. Ова е прекрасно богато јадење со зеленчук и пилешка супа подготвено во Делимано експрес лонец.
Состојки
- 375 грама пилешки џигер
- 60 грама брашно
- 3 дебели парчиња сланина
- 3 главици бел кромид
- 3 моркови
- 4 чешниња лук
- 2 лажици оригано
- 1 конзерва сечкани домати
- 1 коцка за пилешка супа
- Сол и бибер
- Маслиново масло
- Врела вода
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Експрес лонец.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Исечкајте ги морковите да изгледаат убаво, а кромидот излупете го и оставете ги главиците цели. Кромидот убаво изгледа во манџа кога е цел. Исечкајте го лукот, потоа и сланнината, и спремни сме за месото.
Чекор 2: Извалкајте ги џигерот и сланината во брашно со сол и бибер и пропржете ги во тава со маслиново масло за да ги задржат соковите – тоа секогаш ѝ дава дополнителен вкус и густина на манџата.
Чекор 3: Ставете ги сите состојки во експрес лонецот, вклучувајќи ги доматите од конзерва, зеленчукот, коцката за пилешка супа и ориганото. Оставете ги да се варат во експрес лонецот 20 минути. На крајот внимателно ослободете го притисокот од лонецот и извадете го капакот. Ќе видите прекрасна манџа која е спремна за јадење за само 30 минути.
Чекор 4: Ова јадење го сервираме врз основа од палента која ја подготвивме со путер и млеко. Палентата е одличен прилог за богати манџи со месо, но јадењето можете да го сервирате и со пире од компир.
СОВЕТ: Делимано Лонецот за Експрес готвење го намалува времето на подготовка најмалку за половина, а понекогаш и повеќе – подгответе јадење наутро, згответе го во Експрес лонецот кога ќе се вратите дома и ќе биде спремно за 20 до 30 минути.