Чоколадна торта со вишни
Состојки
- Тесто
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 80 милилитри млеко
- 80 милилитри масло
- 1/2 прашок за пециво
- 5 лажици чоколадо во прав
- 5 лажици брашно
- Чоколадна крема
- 4 децилитри слатка павлака
- 250 грама чоколадо за готвење
- Прелив од вишни
- 1 тегла компот од вишни
- 1 кесичка желатин
Подготовка
1. Тесто
Пенесто се матат жолчките со шеќерот, може да се додаде и едно пакетче ванилин шеќер. Се додава млекото и маслото, а потоа и чоколадото во прав и брашното помешано со прашокот за пециво. Посебно се матат белките во цврст снег и постепено, дел по дел, се додаваат во смесата од жолчки.
Се пече во подмачкан калап (на кој му се вади дното) број 26, на 180 степени. Кога ќе биде печено НЕ СЕ ВАДИ тестото од калапот.
2. Чоколадна крема
Се загрева слатката павлака на тивок оган (не смее да зоврие). Се додава чоколадата за готвење исечена на парчиња да се стопи.
3. Сеуште млакото тесто се прелива со топлиот чоколаден прелив (дел ќе се впие во тестото, а дел ќе остане како крема). Оставете ја тортата да се стегне чоколадниот прелив (побрзо ќе се стегне ако го ставите калапот во фрижидер) пред да го ставите преливот од вишни.
4. Прелив од вишни
Желатинот подгответе го според упатството, а најчесто тоа е да се помеша желатинот со неколку лажици студена вода и де се остави да набабри. Компотот од вишни се става на оган да се стопли и се меша со набабрениот желатин. Кога ќе се стопи желатинот, преливот се става врз изладениот и стегнат чоколаден крем.
Откако ќе се стегне желатинот, тортата се вади од калапот и се става во декоративна чинија.
Напомена
Освен со вишни, тортата одговара и со други киселкасти и бобичасти овошја, како малини и капини на пример. Земете 400 грама малини, измешајте ги со 100 грама шеќер и малку вода, и ставете ги малку да се сварат, но овошјето да остане цело. Помешајте го желатинот и прелијте врз тортата.