Рибји паприкаш
Состојки
- 300 гр. филети од бела риба
- 2 глави црвен кромид
- 2-3 моркова
- по 1 мал корен од магданос и целер или листови од целер
- 2-3 чешниња лук
- 1 свежа пиперка
- 200 мл. сок од патлиџан (може и пире или сос )
- по 1 лажица вегета и црвен пипер
- 1/2 лажичка лута толчена пиперка (не мора ако не сакате да е баш пикантно)
- 1 лажица пченкарно брашно
- 600-700 гр. компир
- на вкус сол, бибер, ловоров лист
Подготовка
Сега за време на постот не е на одмет да се спремаат и вакви рецепти...
Постапка
1. На малку зејтин продинстајте го исецканиот кромид, додадете го морковот, корените од магданос и целер, свежата пиперка исто така исечена, пржете ги кратко време. Додадете го компирот исечен на коцки, промешајте, додадете црвениот мелен пипер- измешајте да се спојат сите состојки, додадете водата, сокот од патлиџанот или сосот, нека се на тивко вари околу 10 мин. или додека компирот не е до половина сварен. Потоа додадете ги вегетата, ловорот, малку бибер, лукот стиснат низ преса и осолете на вкус. Во овој момент додадете ги и покрупно исечените филети и нека продолжи сето ова заедно да крчка на тивко се додека компирот и рибата не бидат сварени. Ако оцените дека е потребно уште малку вода слободно додадете.
2. Доколку оцените дека е потребно да се згусти, тогаш во паприкашот додадете 1 лажица пченкарно брашно кое предходно сте го разматиле со малку вода. Нека вари уште малку да се спојат сите состојки. Тргнете од ринглата, додадете сецкан магданос.
Забелешка
-Пченкарното брашно допринесува на вкусот, но јас кога оценам дека не е потребно да ја згуснувам содржината, едноставно го изоставам.
- доколку сакате паприкашот да ви е пикантен, на крајот додадете и лута пиперка.